Млад жител на Кочани на големо се спротивставува на политиките кои што власта ги спроведува во оваа општина во Брегалничкиот регион.
И тоа нема да биде ништо ново, со оглед на целокупните резултати на првиот круг од Претседателските избори на кој во доминантен број општини во Брегалничкиот регион убедливо победи Професорката Гордана Сиљановска која што е поддржана од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ.
Но, впечатливо е тоа што овој млад човек бил еден од најгласните предводници на Шарената Револуција во 2016 година во Кочани, каде во првите редови заедно со пратеници, советници и останати партиски функционери на СДСМ се борел рамо до рамо за подобра општина и подобра држава.

Денес нецели 3 години подоцна по Шарената Револуција овој млад човек гласно ги критикува штетните политики на актуелната власт, но што е уште по драматично е што тој сега повикува на гласање за Професорката Гордана Сиљановска за вториот круг од Претседателските избори.

Дел од неговите пријатели се изненадени од ваквите негови повици, но поголем дел го охрабруваат, да продолжи со својата борба за подобра општина Кочани.