Жамбилскиот регионален руски драмски театар ја одигра претставата „Нерон и јас“ на Едвард Радзински во режија на Куандик Касимов во Велес. Осум актери на сцената ја донесоа мрачната историја за немоќта на мудроста да се справи со злосторничкиот ум. Во чест на наградените, Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ ќе ја одигра комедијата „Лисистрата“ на Аристофан, во режија на Хакоб Газанчјан од Ерменија.