Монументалните пирамиди во Гиза во Египет се објекти кои за да бидат изградени било потребно огромен напор и долг временски период.
Во видеото подолу е разработена нова неконвенционална теорија во која експлицитно се тврди дека пирамидите не биле гробници за покојните владетели во Египет, туку нешто далеку попрактично и пофасцинантно.
Голем броја на пронајдоци во и околупирамидите одат во прилог на оваа теорија:
-Долги и тесни тунели кои водат не само низ самата пирамида туку и длабоко во земјата под порамидата,
-површината на самата пирамида била покриена со мазен (полиран до сјај) варовник-седиментна карпа богата со микрикристали на калциум карбонат (различни форми на калцит и арагонит) со примеси на корални остатоци од морска фауна.
-употребата на материјалот Доломит на внатрешните површини,
-Употребата на Гранитот кој е позната карпа која спроведува електрицитет многу поволно,
-Малтерот кој бил користен за спојување на блоковите е отпорен ан огромни количини на притисок. Материјали подложени на доволно голема количина на притисок полесно спроведуваат електрицитет,
-Огромни т.н. саркофаг-блокови кои се големи за погреб на човечки тела кои се беспрекорно изрежани по своите рабови, а и најверојатно вградени во просториите на пирамидите со самата изградба како важни составни нејзини делови.
Целата структура на пирамидата со овие материјали кои никако случајно не се вградени во самата пирамида, како и самата местоположба ан пирамидите говори за нешто уште повосхитувачко: безжичен електрицитет…
За оваа речиси неверојатна а сепак научно возможна теорија повеќе погледајте во видеото што следува: