Еден од најдобрите Македонски вокали и изведувачи на Македонски поп и фолк песни, Наум Петрески на социјалните мрежи упати свој коментар во врска со тековните обиди за промена на Македонската историја и за мотивите за ваквите намери на дел од политичките елити во државата.
Па тоа е поентата на сите репресалии до сега. Европа да си го тргне срамот што го направија тогаш, и да се избришат повеќекратните геноциди кои ни беа нанесени од Грците најмногу во Егејска Македонија, и да ја променат вистинската историја во новата, ќе бидат спасители,
-напиша мега популарниот Наум Петрески на Фејсбук.
