Неисправни кочници на автобусот и недозволена брзина на движење како и пропусти во работењето на компанијата се главните причини за преголемата трагедија кај Ласкарци што се случи на 13 февруари, а во која загинаа 15 лица.
– соопшти обвинителот Сашо Рајчев од скопското обвинителство.
Според вештите наоди и мислења, евидентирани се кочења откако автобусот ја преминал заштитната ограда во двете насоки. Но брзината не му овозможила да го сопре автобусот пред да падне
– изјави Рајчев.
Возачот се движел со брзина од 99 километри на час, иако на автопатот било дозволено возење со 80 километри на час и дека го активирал уредот за манипулација на тахографот за да не ја прикаже вистинската брзина на движење. Поради големата брзина, тој изгубил контрола и паднал со автобусот во бездна. Рајчев соопшти дека седум лица се приведени во врска со несреќата, меѓу нив се и возачот на автобусот и сопственикот на компанијата „Дурмо турс“.
Шестмина се осомничени за кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, а едно лице е осомничено за несовесно работење во службата. Сите седуммина денеска ќе бидат изведени пред суд, а за сите Обвинителството побара притвор.