Нема да Ви зборувам за политика која еве каде не доведе…
Нема да Ви зборувам за економија која сите знаете и осеќате на свој грб дека е катастрофална…
Нема да Ви зборувам за уметност која се претвори во пародија…
Нема да Ви зборувам за култура која се претвори во лекомислена забава…
Сакам да Ви зборувам за Република Македонија!
Таа Република Македонија за која народот со генерации ја лее својата крв…
Таа Македонија во која секој татко проплачува кога го види за првпат своите штотуку родени син или ќерка Македонци….
Таа Македонија во која Мајките ја даруваат целата своја љубов на своите деца за да бидат подобри луѓе….
Таа Македонија во која чесните и работливите граѓани стануваат секое утро да идат да заработат за себе и своето семејство… За Работниците од песните на Рацин и Вапцаров…
За онаа Македонија за која создавал Блаже Конески, стих по стих, реченица по реченица…
Ќе Ви зборувам за Република Македонија која сакаат да ја снема!
За АСНОМСКА, за ИЛИНДЕНСКА, за 9-то СЕПТЕМВРИСКА Република Македонија!
Во таа Македонија знам дека има граѓани кои се дел од децениски инжинеринг на сузбивање на слободната Македонска мисла. Знам дека се осиромашени до степен на раб на егзистенција за да прифатат побрзо потчинување на волјата на корпоративната машинерија на богатите.
Во таа Македонија не случајно што на граѓаните им е сервирано да бидат аполитични, затоа што политиката стана инструмент на репресија и газење на волјата на граѓаните.
Во таа Македонија се што е прогресивно се брка надвор од својот дом, да биде номад по светот, да егзистира како поединец без можност да го афирмира својот идентитет и своите вредности кои ја креираа вистината на модерното општество низ вековите наназад.
Во таа Македонија во која егзистираат пензионери и репресирана и потчинета администрација која создава моќ за корумпираните политички центри на моќ.
Оваа Македонија има своја душа и срце, кое не извира од поединци.
Оваа Македонија има свој светол дух кој го осветлува правецот кон вистината.
А вистината секогаш победува.
Вистината на тој светол дух победи на 30-ти септември 2018 година кога огреа над сите црни лаги и измами на светот.
Република Македонија е историски факт кој ќе опстои, наспроти сите лаги и измами!
Република Македонија е реалност која ќе ги огрее срцата на пакосните и нечестивите.
Република Македонија е вистина која постои.
Почитувани граѓани,
знам дека е беспредметно да се докажува љубовта кон татковината.
Сите ние живееме со таа љубов.
И богати и сиромашни, и стари и млади и мажи и жени.
Јас за разлика од други нема да Ви кажам што да правите во деновите-неделите-месеците што ни претстојат.
Само ќе Ви кажам дека Јас знам каде ќе бидам кога ќе биде најпотребно!
А тоа време е пред нас.
Господ да ја Благослови Република Македонија.
Автор:К. Анастасов