Предлагам персоналот од Клиничкиот центар во Скопје да не плаќа само за користење на паркинг просторот, туку секој вработен (без исклучок во која дејност работи) да плаќа кирија за користење на просториите во кои работи и престојува во текот на работното време, бидејќи просториите не се во нивна сопственост и нормално е да се плаќа за користење на туѓ простор, како и за потрошената енергија за осветлување или затоплување на горенаведените простори.
Притоа, сеедно е дали станува збор за користење на кабинет, канцеларија, фабричка хала, предавална/училница, чекална и.т.н.
Од плаќање на кирија треба да бидат исклучени единствено сопствениците на просторот, но кои ќе мора (токму заради тоа) да плаќаат данок. За оваа цел, треба да бидат известени сите градоначалници, подградоначалници, министри, подминистри и.т.н., кои исто така ќе мора да плаќаат кирија, бидејќи просториите кои ги користат, исто како и паркинзите на кои слѓбено се паркираат, не се во нивна сопственост.
На тој начи, државниот буџет ќе се наполни, но ќе остане (понешто) и за приватна, лична корист.



