4. Прошетка преку океанот
На почетокот на 1914 година, бродот Карлук веќе поминал 5 месеци заробен во мраз. Екипажот бил присилен да го напушти бродот, но биле сред огромна замрзната површина и не знаеле од каде и како да се вратат дома. Капетанот Боб Бартлет испратил екипи за истражување, но никогаш не се вратиле. Конечно, капетанот го одвел остатокот од групата до еден остров кој бил оддалечен 128 километри. Бидејќи неговите луѓе биле премногу изнемоштени да продолжат, Бартлет го изодел останатиот пат сам. Придружуван само од инуитски ловец по име Катактовик, Бартлет поминал 1.100 километри за 37 дена преку замрзнатите води на Сибирот. Потоа пронашол руски офицери кои организирале спасување. Додека стигнале до останатиот екипаж, повеќе од половина луѓе умреле.



