Природата на човекот е љубопитна, понекогаш луѓето би прифатиле да слушаат и лаги доколку приказната им е примамлива. Приказните кои се шират се истo тензично пренесувани за криминалците колку и за хероите, а Ескобар бил еден од најуспешните криминалци во историјата. Неколку вистинити факти за шефот на подземјето ќе ве шокираат.
1. Како мал, крадел надгробни споменици и ги продавал.
2. Шверцувањето кокаин во САД било тешко за Пабло, па тој станал навистина креативен. Го криел кокаинот во авионските гуми кои оделе кон САД и потопувал облека во течен кокаин кој подоцна бил одделуван.
3. Не само што често шверцувал кокаин со авиони во САД, тој купил и подморница со далечински управувач и паркирал 2.000 килограми кокаин во Мајами.
4. Пабло имал проблем со трансферот на кешот што го заработувал секој ден. За да го реши овој проблем, тој купил авион во кој собирало и до 100 милиони евра.
5. Бидејќи не можел да ги чува парите во банка, годишно губел околу 2 милијарди евра поради влага и глувци.
6. Пабло закопал милиони низ селата во Колумбија. Голем дел од овие пари не се пронајдени и никој не знае каде се, донирал милиони за локалната заедница, градел фудбалски игралишта и ги вдомувал бездомниците.
7. И картелите за дрога имаат свои трошоци како и секој друг бизнис. Пабло трошел околу 2.000 евра месечно за ластик со кој ги врзувал своите пари.
8. За да добие имунитет, Ескобар понудил да го исплати масивниот долг на Колумбија од околу 15 милијарди евра. Оваа понуда, се разбира, била одбиена.
9. Додека Пабло и неговото семејство се криеле во планините на Колумбија, неговата мала ќерка добила хипотермија. За да ја затопли, Пабло изгорел банкноти во вредност од речиси 2 милиони евра.