Силен ветер со огромна брзина кој претходеше на големо невреме со обилен дожд пред малку собори кровна конструкција од покривот на една од постарите згради на централниот булевар во центарот на Делчево.
Дрвената конструкција и лимениот покривач кои што паднаа на улицата на која што имаше привремено паркирани возила предизвика штета врз едно од возилата.
Имајки ги во предвид фактот што во овие критични моменти имаше поголема фрекфенција на минувачи по самата улица каде падна кровната конструкција цела среќа е што нема несакани повредени граѓани.


