Денеска беше донесена одлука од страна на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ дека кандидат за градоначалник на вонредните изббори за градоначалник на Охрид од редовите на опозициската партија ќе биде неврохирургот Д-р Митре Милошевски.
Кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори на 21 април на огромно задоволство со одлука на Извршниот Комитет е д-р Митре Милошевски. Угледот и кредибилитетот на д-р Митре Милошевски и ВМРО-ДПМНЕ гарантираат спроведување на сериозно подготвена програма и сигурна победа.
Д-р Митре Милошевски е роден на 29.10.1963 год. во с. Битуше. Специјализација по Неурохирургија завршено на Медицински Факултет во Скопје. Доктор специјалист во дејноста со која се занимава: Повреди и дегенеративни страдања на ’рбетниот столб и мозок; и Повреди и заболувања на ЦНС и краниумот. Вработен во болницата за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо Охридски“. Сопруг и татко на две деца.
Сплотени и мотивирани за доброто на Охрид и охриѓани.
На 21 април, д-р Митре Милошевски за градоначалник на Охрид!
-соопштија од Центарот за комуникации на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид