• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Став

Никола Груевски: Вистинскиот осмислувач работи друг да се осуди за осмислувач на настаните од 27. Април

април 27th, 2021 Македонија, Став коментари 548

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Никола Груевски: Вистинскиот осмислувач работи друг да се осуди за осмислувач на настаните од 27. Април

Како и во минатите неколку години на овој ден, забележав дека челниците на власта на СДСМ предводено од Заев, Шеќеринска, Спасовски и останатите објавија свои ФБ статуси во кои главната поента е дека инцидентите на 27 Април 2017 година се анти демократски чин и дека виновни ги прогласуваат тогашното водство на ВМРО-ДПМНЕ, во прв ред мене лично но и другите кои се во судска постапка, како организатори и учесниците, односно граѓаните кои протестираа и особено оние кои влегоа во парламентот. И дека требало сите да одговараме.

Не пишуваат и не говорат дека анти демократски чин е против уставно, против законски и спротивно на деловникот, и без мнозинство, надвор од работното време и без присуство на претседавачот, по завршување на седницата, надвор од сите правила да назначат претседател на парламентот. Не е ни анти демократски да не ти успее референдумот а да прифатиш меѓународен договор и смена на уставот со цел смена на името на државата и смена на идентитетот и историјата на македонската нација, како да успеал референдумот и како да гласале 51% а не 36% од граѓаните кои имале право на глас на тој референдум каде минимум предвидено за успешност е да излезе и гласа еден гласач повеќе од 50% од гласачите.

Не е ни анти демократски чин ако ти недостасуваат пратеници за смена на уставот, да уапсиш една група пратеници од опозицијата, да ги уцениш со 20 годишни затворски казни и да ги ослободиш на денот на гласање само ако прифатат да гласаат во твоја корист.

Јас мислам дека директни осмислувачи на сценариото за предизвикување на овие инциденти на 27 Април е самата денешна власт предводена од СДСМ, тогаш сеуште опозиција, или власт во доаѓање. Пренагласеното покажување со прст кон политичкиот противник во секоја можна прилика, илјадници пати повторено, укажува на страв од откривање на вистинските креатори и осмислувачи, укажува на тоа дека и тоа како им е важно друг да биде прогласен за виновен, а тоа може некому да му е толку многу важно само доколку вината е кај него. Зошто инаку би покажале со прст кон некого дека е организатор а знаат дека не е, без да имаат елементарен доказ и зошто би вршеле отворен и јавен а којзнае уште колку не јавен притисок на судот и судиите, за по секоја цена да утврди друг виновник, сега додека тие уште се на власт? – За да не се открие вистинскиот осмислувач на настанот после кој оваа власт доби голема подршка, што беше лесно предвидливо. Сега во време кога судскиот совет е целосно ставен под партиска контрола а на оние судии кои не се партиски контролирани од партијата на власта, во тек е генерална ревзиија и секој еден може лесно да биде разрешен ако не постапи според очекувањата на власта.

Зошто спротивно на законите, противуставно и со не деловничко гласање одлучија да бираат претседател на парламентот токму во време кога народот кој 60 дена по ред мирно и достоинствено протестираше беше пред вратите на парламентот? Можеа да го направат тоа два часа или повеќе порано, или два часа или повеќе подоцна. Но, не им беше доволно тоа, бидејќи така главниот фокус ќе беше на нивниот криминален избор а не нешто друго.

Да, темпирале токму кога народот е надвор пред парламентот и преку ФБ будно следи што се случува внатре во салата а за таквиот директен пренос преку интернет се погрижија неколку пратеници на СДСМ.

Зошто после таквото гласање, одкако се заврши, знаејќи дека луѓето кои протестираа дојдоа до пред самите врати на собранието веднаш не заминаа од парламентот за што имаа доволно време пред да се отворат вратите на парламентот? Зошто останаа заради држење прес конференција која можеше да се одржи и на друго место и/или во друго време и во многу помирна атмосфера(на пример еден час подоцна во некој хотел или во клубот на пратениците).

Тие поигрувајќи си со чуствата на народот, кој протестираше во одбрана на уставот и законите и против тиранската платформа, веројатно поучени од некои стратези за управување со ваков вид кризи, посакуваа и провоцираа инцидент, за да со фрлање вина врз нас како партија и поединци од нејзиното тогашно водство, не прикажат како насилници и недемократска власт која не сака да се одкаже од власта на мирен начин, и со тоа да добијат силна подршка и надвор и внатре во земјата. За жал во тоа успееја. Засега. Додека еден ден не се разобличи и разоткрие се.Ја следам и упорноста да ме прикажат мене како главен организатор, па Заев посочувајќи на тоа заборава дека тоа го прави без да посочи барем еден елементарен доказ, како што беше и кога во судот го тврдеше истото. Спомнуваат телефонски повик а немаат ништо од тоа, освен луди претпоставки, фантазии и лажни конструкции, ниту пак може да имаат бидејќи се е измислено во нечии болни умови. Јас сум уверен дека сите овие од власта кои денес се распишуваа статуси и ги повторуваат истите досега сто пати кажани лаги -знаат се, но свесно лажат, бидејќи таквите лажни тврдења им личат политички погодни и корисни, ја тргаат вината од нив и уште посочуваат со прст фрлајќи ја вината на нас. Но, тоа е подмолно и нечовечки. Исто како што додека секојдневно рекетираат, крадат и ја злоупотребуваат функцијата, прстот го покажуваат во други.Спомнуваат дека јас потоа сум ги прогласил за виновни граѓаните. Одкако вечерта претходно прв од политичарите медиумски преку телефон јавно апелирав да запре хаосот во парламентот, во мојот говор рано изутрината на 28 Април 2017 година јас имав две поенти.

Втората поента од тој говор на таа прес конференција се трудат да се заборави а првата ја искривуваат. Дури гледам на интернет како направиле скратена верзија од тој мој говор, каде само оди половина од говорот, односно првата поента.Првата половина сумирано кажано беше дека народот погреши што подпаѓајки под очигледна провокација влезе во парламентот и со физичките пресметки да остави простор да е обвинет за насилство. Втората, која се трудат да се заборави беше токму ова што погоре го кажав, сумирано кажано дека власта намерно и свесно го направи кршењето на уставот и законите во време кога знае дека пред парламентот има неколку илјади граѓани кои протестираат, и со тоа свесно и намерно испровоцира нивна реакција.

Потоа следуваше нешто што ќе влезе во историјата на политичките судења а тоа е обвиненија со лажна квалификација на сите обвинети-терористичко загрозување на уставниот поредок. Тоа е лажна квалификација, бидејќи таму немаше никаков тероризам. Но, ако судењата подоцна беа со квалификација “насилство”, исходот можеше да биде и условни осуди, што и беше случај со повеќемина од првите осудени лица, кои судења подоцна во најголем дел новата власт одкако го стави судството под контрола, ги поништи и ги судеа за тероризам за да им одредат сурови неправедни казни од 10-15 или повеќе години ефективен затвор. Пишуваат и дека сум организирал и сум ги навлекол луѓето на терористичко делување па сум избегал. Прво, непостои човек од кого сум побарал да влезе или да организира влез во парламентот ниту пак физички да се пресметува со пратеници. Напротив, во претходните недели јавно предупредував дека се чуствува дека состојбата е тензична и дека може да ескалира, барајки од СДСМ да се повлечат од намерите за кои претходно во изборната кампања негираа дека го планираат а кои создадоа огромен револт во јавноста. Веќе две години се говори за моја изјава на телевизија Сител во која сум рекол луѓето да не седат дома во папучи. Обвинителството ја измисли таа реченица. Да, имав настап на Сител точно 61 ден пред да се случи инцидентот пред и во парламентот, време во кое веќе се објави договорот на коалиционите партнери заедно со главната точка во тиранската платформа, време во кое баравме да има нови избори и народот кој одкако виде што се намерава да одлучи за кого ќе гласа. Зборот “папучи” не постои во тоа интервју а е клучна поента на обвинението против мене. А за тоа што пишуваат дека сум избегал, ќе потсетам дека јас заминав од Македонија и побарав и добив политички азил во земја членка на ЕУ и НАТО година и половина по 27 Април 2017 г. и една година по апсењата на полицајците, поранешниот министер Чавков, и учесниците во настаните кои веќе се судеа во очигледно монтиран и политички мотивиран процес, од судијката Добрила Кацарска. Истата судијка претходно во ист таков процес мене ме осуди во еден апсурден случај на набавка на блиндирано возило, а која паралелно со процесот против мене, Гордана Јанкуловска и Ѓоко Поповски, до пред самиот крај го водеше и донесе случајот “Поткуп”за барањето мито, кој иако полн со очигледни и законски прибавени докази, најдоа начин обвинетиот Заев да го ослободат од вина. Како што најавив во неколку тогашни изјави во првата половина на 2018 година, бидејќи имаше и ми беше познато дека постои договор таа да ги заврши монтираните процеси и да биде наградена, Кацарска подоцна ја доби наградата од Премиерот и беше избрана за член на уставниот суд, каде нема граница за пензионирање до која беше блиску и каде мандатот е девет години.

Евентуалното мое останување во Македонија немаше никому да помогне, бидејќи заминав дури одкако го искористив сите правни можности за докажување на вистината во случај во кој пресудата беше договорена пред да почне судењето и одкога сите можни неправедни пресуди во врска со тој процес против мене завршија и намерата на власта беше да бидам затворен и со план подоцна и ликвидиран во затворот. Инаку само денешните објави на владините челници и партиски првенци на СДСМ се сосема доволни оние постапки кои сеуште не се судски завршени да паднат на судот во Стразбург а вакви изјави во претходните четири години има во изобилство. Со обзир дека овие лица се власт и најмоќните луѓе во државата во моментот, во земја како Македонија невозможно е таквите изјави да не влијаат на судиите кои треба да донесат пресуди. Кога Премиерот, министерот за внатрешни работи, потпретседателот на владата и министер за одбрана и ред други функционери јавно ќе кажат со име или со опис кој за што е виновен во некој судски процес, судијата е под огромен политички јавен притисок и тоа судот во Стразбург не може да не го забележи, како што го забележал и соодветно пресудил во повеќе слични случаи во минатото во други држави. Но, нив, на оваа криминална банда на власт, тоа не им е важно, не им е важно што државата еден ден ќе плаќа оштети, ниту им е важно што некои луѓе без вина во меѓувреме ќе страдаат по затвори, судења, и.т.н. со сите последици кои доаѓаат со тоа. И онака тогаш нема да се на власт, па фокусирани се на краткорочните цели-пропаганда за оцрнување на политичкиот противник, со цел да го продолжат своето криминално владеење и да ја покријат својата одговорност во случајот 27 Април но и од многу други незаконски активности.

-интегрален текст на реакцијата на поранешниот премиер на Република Македонија Никола Груевски.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Мојот сон е за час и половина еден човек од Скопје до Солун да може да стигне со воз, вели Александар Николоски, со што ja наслика накратко идејата за обединета Македонија во обединета Европа
Следна објава Видео: Вака Васко Ефтов "ја утна" анализата за протестот за слобода на уставобранителите
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 567
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 544
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 535
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1195
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 517
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 596
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 322
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 406
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 564
Жена на денот
Анастасија Гизерскаја-модел кој напорно работи за својот статус

Анастасија Гизерскаја-модел кој напорно работи за својот статус

855
Маж на денот
Пирс Броснан- Еден од најубавите и најуспешните мажи во светот

Пирс Броснан- Еден од најубавите и најуспешните мажи во светот

1931
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4276
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202218
Пробајте го овој рецепт за здрав оброк - Намаз од цвекло и фета сирење
Магазин

Пробајте го овој рецепт за здрав оброк - Намаз од цвекло и фета сирење

Јун 10th, 201918
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.