Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во утринското гостување на програмата на Радио Лидер помеѓу останатите актуелни прашања за кои говореше во емисијата со Љупчо Златев ги образложи своите мотиви за неговиот влог во политиката, на кој начин тој ја сваќа политиката.
За првпат после речиси 30-тина години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ висок политичар во Македонија повторно во јавност ја реафирмира идејата за Обединета Македонија во обединета Европа, идеја што ја имаа на ум основачите на партијата, но и плејада истакнати водачи на историското ВМРО.
И да не се разбереме погрешно оваа идеја не подразбира насилна анексија на територии туку реално фактичко обединување на граѓаните од двете страни на границата во една Европа без граници, каде овие граѓани ќе можат слободно и брзо да патуваат за сопствени потреби како секој нормален современ човек во 21 век.
“Јас поинаку ја гледам политиката. Јас не сум влегол во политика за да бидам дневно популарен. Никогаш веројатно во својата политичка кариера во еден ден не сум бил најпопуларен, но се обидувам да држам една константа. Причината поради која сум во политика е да направам и оставам нешто позади себе.
На пример додека Зоран Заев се занимава со дворски игри, јас размислувам како ВМРО-ДПМНЕ да понуди концепт од 21 век за ревизија на историските неправди на Балканот. Имено во 21 век Зоран Заев реши на тие неправди да стави печат преку договорот со Грција и со Бугарија.
Јас размислувам како ние да направиме еден човек да седне во центар на Скопје на железничка станица во воз и за час и половина да е во Солун, односно од едниот до другиот крај на географска Македонија да стигне за час и половина.
Тоа е мојот сон и за тоа јас размислувам.”
-визионерски истакна Александар Николоски.
На провокацијата од водителот дека тоа “географска Македонија” некој може да го свати како иредентизам, Николоски рече дека тоа е една апсолутна вистина и дека тоа е еден поим кој што никој не може да го негира.
“Мојот сон е како за час и половина во едно пријатно возење во воз кој што ќе се движи со брзина од 200 km/h, за час и половина да се стига од Скопје до Солун. Да можат солунчаните да дојдат во Скопје на кафе ама да направат и некој бизнис. Да можат скопјаните да отидат на кафе во Солун ама да направат и некој бизнис. Попатно да се застане во Велес, во Гевгелија и надолу во Ениџе, Вардарско и во Солун.
Размислувам како да се направи еден добар автопат кон Охрид и кон Струга за секогаш кога има убаво време за викенд да може да се отида на Охридското езеро а да можат Охриѓаните, Стружаните да дојдат полесно до Скопје да си завршат работа. Оние кои што се од Кичево или Гостивар да си дојдат до Скопје или до Охрид без да ја мислат.
Размислувам како источна Македонија да ја развиеме дополнително и да не се мачат луѓето да го продадат тутунот и да ги молат монополите, како да се земјоделските производи испочитувани…. тоа е она за што размислувам и е мојот сон. Мислам дека реализацијата на овој сон ќе значи едно силно економско раздвижување на Македонија. Затоа што ако може нешто што е произведено на пример во слободната економска зона во Бунарџик, или во бројните зони во кои што и самоиницијативно се развија во Визбегово или во Илинден или во Петровец , да се стави на товарен воз и за два часа од товарењето во Скопје да е веќе товарено на брод во Солун, верувајте тоа ќе значи многу работни места, тоа ќе значи многу повисоки плати и ќе значи дека типови како Зоран Заев нема веќе да можат да помирисаат власт затоа што ќе се кренат стандардите.
Тоа е тоа за што јас размислувам”.
-јасно и гласно соопшти Александар Николоски.
Ваквата визија на еден современ Македонски политичар заслужува огромно внимание и истата треба да биде јавно, на широко и јасно образложена преку која засекогаш ќе се реши едно тешко прашање од светската историја за постоењето на Македонија.
Целиот овој дел од интервјуто на Александар Николоски во програмата на радио Лидер погледнете го во видеото во продолжение:
Целата емисија на Радио Лидер со Александар Николоски проследете ја на сл. лунк тука.


