Претседателката на Клубот на оратори при Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Александра Петровска која е по потекло од Делчево и членот на Извршниот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Столе Пандов, денеска во Националниот сојуз на слепи лица на Македонија ги предадоа првите аудио книги.
“Во пресрет на најголемиот христијански празник, Велигден, денес членот на ИК , Столе Пандов и претседателката на Клубот на оратори, Александра Петровска, ги предадоа првите аудио книги во Националниот сојуз на слепи лица на Македонија.
Проектот за снимање на аудио книги е соработка на Републичката Комисија за култура и Клубот на оратори при УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Унијата на млади сили, како општествено одговорна младина, активно работи на подобрување на условите на лицата со било каква попреченост и се залага за инклузивно општество.
#УМС
#ОдговорнаМладина“
-соопштија од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.