Граѓаните во Македонија треба да се повеќе свесни дека тие се носители на суверенитетот на државата и дека со тоа стојат највисоко во хиерархијата во државата. Секој граѓанин без исклучок е сопственик на оваа држава и како таков тој треба да одлучува за својата сопственост и да ја брани истата од натрапници.
Носителите на суверенитетот својата волја ја пренесуваат врз пратениците во Собранието. Пратениците кои се делегирани од граѓаните преку гласање на слободни и демократски избори имаат задача да постапуваат по потребите и волјата на оние од кои се избрани – од граѓаните, и никако поинаку.
Референдумот пак е највисок облик на непосредно одлучување на граѓаните по некое прашање со кој се бајпасираат пратениците и тие имаат само една задача, да постапат така како што е одлучено, друга опција во парламентарна демократија не постои.
Секој обид на Заев да ги одврати пратениците од намерата да постапуваат по директивите дадени од граѓаните преку референдумот, кој практично граѓаните го поништија, е брутално крадење на суверенитетот од рацете на граѓаните. Кога некој политичар го краде суверенитетот од граѓаните тоа е директно влегување во тоталитарен систем.
Референдумот беше поништен од граѓаните, со тоа Собранието нема за што воопшто да расправа или да одлучува.
Статус на Никола Србов на фејсбук