Од синоќешниот собир на граѓани на плоштадот во Струмица Александар Николоски во јавноста обзнани информации за последните напори на Зоран Заев да се обиде да остане во конкуренција за победа во четвртата изборна единица.
Според носителот на кандидатската листа за пратеници од Коалицијата за Обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ во четвртата изборна единица, Зоран Заев ангажирал ПР агенција од Белград за да му помогне со лошиот рејтинг што го има лидерот на СДСМ.
“На струмичко поле, на гевгелиско поле, на прилепско поле ПР агенции не поминуваат. Мотика треба, работа треба, а тие таму се незадоволни, несреќни, со испукани раце, со солзи во очи и таму ПР стратези не поминуваат Зоран Заев.”
-соопшти Александар Николоски од собирот пред струмичани.


