• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност
Историски документи

Преглед на укрепените места од средниот век во Република Македонија

септември 20th, 2019 Историски документи, Македонска бесмртност коментари 1487

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Преглед на укрепените места од средниот век во Република Македонија

Средновековни градови и тврдини во Македонија

Иван Микулчиќ

Општина Делчево

–Вирче

Сл. 01. „Прекинато Градиште”, Вирче, доцноантичка гранична стража. Користена е и во доцниот среден век

Сл. 02. „Прекинато Градиште”, Вирче, монети од 13. век

 Крајпатна стража. Сл. 01, 02.


Местоположба.

„Прекинато Градиште” се вика 50-85 м високиот рид 2 км источно од Вирче (930 м н.м.), високо на падините на Влаина. Ридот е тесен и долг, озгора зарамнет, а страните му паѓаат стрмно во поројни долинки. Покрај него води стара патека кон планинскиот срт, оддалечен 1 км источно и преку него се слегува во долината на Струма (денес Бугарија). Тој премин бил користен интензивно во минатото.

Најстари остатоци. 

Во доцноантичко време на ридот бил изграден силен пограничен кастел, голем 1,2 ха. Челото му било зајакнато со издадена кула, а јужниот ѕид е удвоен — тоа се трагите од големо обновување во 6. век. Во внатрешноста се гледаат основи на бројни градби. Наоди: монети од доцниот 4. и 6. век, керамика. Една базилика (6. век) лежи делумно раскопана пред челото на крепоста. Кастелот ги контролирал граничните премини од провинцијата Македонија II кон Средоземна Дакија.

Средновековни остатоци.

Во средишниот дел на кастелот лежат парчиња од средновековна керамика, а најдени се монети — бакарни скифати од 13. век (бугарски имитации на Манојло I).

Стратешката положба на оваа крепост обусловила истата да биде користена и во зрелиот среден век, како контролен пункт на еден од планинските премини помеѓу долината на Струма и сливот на Брегалница. Траги од обновувања на обѕидието во среден век нема. Веројатно крепоста била користена само одвреме-навреме, во кризните воени времиња, можеби од Самуил и Византија, а секако и од Бугарите.

–Драмче (Бигла)

Сл. 03. „Градиште”, Драмче, соцноантичка русничка тврдина, користена и во сресниот век. Реконструкција

Сл. 04. „Градиште”, Драмче, наоди; 11.—13. век

Крајпатна и рудничка стража. Сл. 03, 04.

Лит.: А. Керамитчиев 1969, 229; — И. Микулчиќ TIR, 47.

Местоположба.

„Градиште” се вика тесен рид со многу стрмни страни во свијокот на Брегалница, 70 м високо над реката и во најтесниот дел на речниот теснец. Лежи 3 км југоисточно од Драмче и 3 км североисточно од Бигла. Брегалничкиот пат (античкиот Астибос — Скаптопара, денес Штип — Делчево ) врти околу подножјето на Градиште и од ридот се гледа повеќе километри на запад и на исток.

Најстари остатоци.

На повисоќиот, јужен дел од ридот лежат извонредно добро запазени остатоци од рановизантиска крепост. Обѕидието затвора правоаголен простор со димензии 154 х 53/30 м (0,6 ха), а било зајакнато со масивни правоаголни и петоаголни кули. Се гледаат траги од големо обновување на источниот ѕид. Јадрото на кастелот било густо исполнето со градби во 3 реда, во правецот С-Ј, со две тесни улички. На највисоката позиција стоела ранохристијанска базилика. 40 м јужно од крепоста се протега одбранбен ров што напречно го сече целиот рид. Наоди: повеќе монети од доцниот 4. до раниот 7. век, бројни парчиња од ковано железо (клинци, окови, ножови, врвови од стрели, различни алатки) и железна згура, која зборува за преработување на железото на ова место. Стари рудници на железо лежат на падините 2—3 км југоисточно и јужно оттука.

Средновековни остатоци.

Тврдината била извонредно добро запазена во средниот век (како и денес) и со минимални поправки била користена и тогаш. Денешниот степен на запазеноста на внатрешните градби наведува на заклучок дека тие биле обновени во зрелиот или доцниот среден век. Движни наоди: парчиња од средновековна грнчарија, железни врвови од стрели за пробивање панцир (12.—13. век), специфични алатки, еден бакарен прстен (10.—12. век), монета — бакарен скифат од 13. век (бугарска имитација).

Градот Бигла функционирал како крајпатна стража во теснецот на Брегалница и за заштита на рудниците, кои очигледно биле обновени во среден век.

-Ѕвегор

Сл. 05. „Долно Градиште”, Звегор, античка крајпатна стража, обновена во средниот век („град Звегор”)

Сл. 06. „Долно Градиште”, Звегор, наоди, 12.—13. век

Крајпатна стража. Сл. 05, 06.

Лит.: И. Микулчиќ TIR, 138.

Местоположба.

„Мало (Долно) Градиште” се вика 50—80 м високиот рид со стрмни падини на источниот раб на долината на Брегалница, на југоисточната периферија на Звегор, во подножјето на Влаина (790 м н.м.). Покрај него Брегалничкиот пат (антички Астибос — Скаптопара, денес Делчево — Благоевград) се искачува кон планинскиот премин Калеово на сртот на Влаина и слегува во долината на Струма. Кај Малото Градиште од овој пат се одвојува патот кон Малешево на југ (денес патот Делчево — Берово).

Средновековни остатоци.

Меѓу површинските наоди регистриравме парчиња од средновековна грнчарија и бакарни монети — скифати од 13. век (бугарски имитации на Мануил I).

Судејќи според денешните остатоци, крепоста била добро запазена и во средниот век и користена како крајпатна стража на многу значајниот планински премин на Влаина од Струма кон сливот на Брегалница. Според народното предание тука стоел градот Звегор.

–Луковица

Сл. 07. „Калата”, Луковица, доцноантички рударски град Армонија? Обновен е како град Луковица

Сл. 08. „Калата”, Луковица, наоди од 9.—12. век

Град Луковица, регионално средиште. Сл. 07—08.

Лит.: И. Микулчиќ 1972, 161—171; истиот 1977, 181—191; истиот 1986, 241.

Местоположба.

Месноста „Калата” е јужниот крај на еден долг и тесен рид над устието на Каменичка Река во Брегалница. Висок е 70 м (520 м н.м.) и рекиве природно го бранат од три страни. Лежи 3 км југозападно од Луковица. Во јужното подножје поминувал стариот Брегалнички пат (Астибос — Скаптопара). Денешниот автопат Штип — Делчево е префрлен на другиот брег на Каменичка река поради изградбата на браната и Калиманското езеро, во кое денес Калата одвај се извишува како тесен полуостров.

Најстари остатоци.

Во римско време на Калата бил изграден кастел за заштита на рудниците околу Моштица и Саса, во горното течение на Каменичка Река и 10-16 км северно оттука (железо, олово-сребро). Доцноримска керамика, ситни бронзени производи и монети од средината на 3. до доцниот 4. век најдени се на Калата.

Во рановизантиско време (5.- 6. век) околу Калата било подигнато ново обѕидие, потпрено врз остатоците од римското. Пред северниот крај (челото) бил просечен одбранбен ров, а пред него бил изграден предѕид, кој продолжува низ падината на исток долу до Брегалница, и го обградува подградието. Ова се раширило на југоисточната тераса, опфатена со реката. Околу 1 км посеверно лежат урнатините од една мала крепост – стража, која го контролирала главниот и најлесниот пристап до Калата. Целиот укрепен простор мерел 5,3 ха. Гробишта со стари цркви од 5.—6. век се откриени на 4. места: пред челото на Калата, потоа на левиот брег на Брегалница („Лака”), на падината во јужното подножје на Калата и на месноста „Бегов Даб” на десниот брег на Брегалница, 0,5 км низводно од устието на Каменичка Река. Една голема базилика стоела и во северниот дел на Калата.

Средновековни остатоци.

На просторот на Горниот град се среќаваат парчиња од средновековна грнчарија и црепни, а најдени се бројни ситни предмети од тоа време, исковани од железо: врвови од стрели со средновековни форми, ножови, алатки, окови за покуќнина; бројни монети: бугарски и латински имитации на Мануил I (13. век); Јован Асен II; Теодор I од Никеја. Сето ова укажува на економската моќ на жителите на Калата.

Од зрелото средновековие потекнуваат и делови на обѕидието без малтер потпрени на постарите делови, меѓутоа и малтерни партии. На терасата Бегов Даб покрај црквата од 6. век откопавме старословенски

Сл. 9. „Калата”, Луковица, монети од 12.—13. век

гробови со богати дарови од 9.—10. век. Тие несомнено им припаѓале на жителите на Калата и го означуваат почетокот на животот на словенскиот град. Обновените рудници северно оттука (и денес експлоатирани како Рудници Саса — Каменица) претставувале економска основа на оваа населба, а нејзината позиција на Брегалничкиот пат и давале стратешко значење во комуникацијата од долината на Струма кон Брегалница и Повардарието (на Византија, Самуил, Бугарите).

Во повелбата на Василиј II од 1019 г. во рамките на Морозвишката епископија е наведена и црковната општина (енорија) Луковица (покрај Козјак, Славиште, Злетово, Пијанец, Малешево и самиот Морозвизд). Ако ги разграничиме овие жупи на терен, ни останува непокриено Источното Осогово кое е несомнено идентично со стара Луковица. Луковица постои и денес како село, поместено на само 3 км североисточно од Калата и истото несомено ја продолжува традицијата на средновековниот „град” со исто име. Хипотезата на Т. Томоски (1978, 99) дека оваа Луковица треба да се бара во долината на Лакавица (денес општините Радовиш и Струмица, со средиштето во Конче) нема основа, бидејќи географски е премногу оддалечено од Морозвизд, а Конче спаѓало под Струмичката епископија.

Текстот и графичките материјали во оваа статија се превземени од сл. линк тука. 

  • Ознаки
  • Археологија
  • Делчево
  • Историја
  • Македонија
  • Пијанец
  • Средновековие
  • Средновековни населби
  • Царево село

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Григор Прличев: НОЖ
Следна објава Коста Апостолов Солев-Рацин
Може да Ве интересира:
На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание
Македонска бесмртност

На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание

октомври 17th, 2022 529
Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава
Македонска бесмртност

Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава

септември 13th, 2022 888
Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик
Македонска бесмртност

Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик

септември 12th, 2022 911
На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски
Историски личности

На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски

септември 2nd, 2022 563
Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров
Историски личности

Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров

август 31st, 2022 566
Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?
Историски документи

Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?

август 30th, 2022 797
На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски
Историски личности

На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски

август 19th, 2022 584
Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата
Македонска бесмртност

Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата

август 17th, 2022 1005
Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци
Македонска бесмртност

Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци

август 13th, 2022 537
Жена на денот
Интересни факти за  Џулија Робертс

Интересни факти за Џулија Робертс

670
Маж на денот
Џим Морисон и работите кои никогаш не излегле во јавност за него

Џим Морисон и работите кои никогаш не излегле во јавност за него

1895
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Неделни топ 5 на Брегалнички
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 2017 778
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 202236
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202128
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201924
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.