• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност
Култура и традиција

Коста Апостолов Солев-Рацин

септември 20th, 2019 Култура и традиција, Македонска бесмртност коментари 1357

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Коста Апостолов Солев-Рацин

Сега пред вас, преку движења на раката и траги од мастило ќе ставам и трага на мислата, како резултат од процесите во мојот живот. И сега ќе се обидам кон него да ја дограбам последната патека што ми преостанува во мојот живот, на патот за Иднината.

Зашто мојата Сегашност е разрешена од спознанието: дека сум јас работник, роб на господарот којшто за готови пари ја купува мојата сила и дека тие пари ги добива пак од мене, продавајќи го мојот евтин труд за скапа цена. Така барем изгледа кога тој не работи како мене, па сепак подобро живее и им ја купува на другите силата и трудот. Уште и ова: дека мене ми е невозможно да се ослободам од ова ропство, зашто здружението на господарите, наречено држава, бдее над мене и моќно е како гладот наспроти лебот, иако нивната волја ја извршуваат луѓе како што сум и јас – купени за готови пари. И така, гледате, понекогаш ме фаќа ужас од тоа: зошто моето ропство – токму од тоа е неизбежно. Па сепак, ме утешува и друго спознание: дека робови, како што сум јас, има со милиони во светот, и ми влева храброст помислата: дека спознанието за нашето ропство ќе ни донесе нам свест, а таа, како непобедлива моќ, ќе ни донесе нам и ослободување. Зашто спознанието за начинот на ракување со робовите им донесува на господарите богатство, а нам, на робовите, спознанието дека сме робови ќе ни донесе слобода!

До таков резултат дојдов во трагањето на причините за мојата беда. А тоа ми е наедно и резултат на мојот петнаесетгодишен опит, откога сум и јас наемен роб. И колку тешко дојдов до него! Нашите господари ги испраќаат своите синови во посебни институти каде што купуваат свест и знаење како да постапуваат со нас, а ние, робовите, мораме сами да бараме свест за одбрана од нив, мораме со гола рака да пробиваме тунел низ грозотиите на робовската Темнина! Зашто сиот мој мисловен свет се движи во кругот: на фабриката, улицата и станот, а сета егзистенција на тој живот е така бедна, ограничена, тесна, мала, и доаѓа само тогаш, кога бедата добро ќе ме притисне на тлото. Инаку, секојдневните грижи за егзистенцијата на голиот живот и секојдневната болка, јад и патење ме спречуваат да влезам во полето на Смислата.

Имаше дни кога како улав ја барав таа Смисла, и тоа Значење коешто донесува во темнината Расветление, имаше моменти кога лебдев во Неизвесноста и редовно главечки паѓав во дното на ропското Незнаење. Имаше мисли што ми го параа мозокот:

„Зошто ние, што го создаваме светот, немаме право на достоен живот во него?…“

И тогаш… тогаш само ќе го сетев ужасот на молњата, и без да го чујам букотот на грмежот, толку бев далеку од Спознанието.

Еден ден ми рече жената, сета бледа од глад:

– Та зошто работиш кога не можеш од тоа да живееш?

Ни јас не умеев на тоа да и’ одговорам, и молчев пред неа. Но душата ми ја кинеше прашањето:

– Зошто? … Зошто е така?

Имаше моменти кога низ мозокот ми маршираше ваква мисла:

„Културата е најголема човечка добродетел, а љубовта кон својот ближен е врв на таа култура, зашто сите на земјава сме браќа меѓу себе.“

Ова, секако, сум го прочитал некаде.

И тоа е добро, прекрасно, величествено. Туку зошто не сме сите луѓе еднакви, зошто има меѓу нас робови и господари, потчинети, понижени, експлоатирани – со помошта на еден нечовечки предмет: Парите? Зошто?

И тогаш триумфално ќе продефилираше спознанието:

„Културата во рацете на господари и богаташи – само е инструмент за создавање на нивното богатство. За нив културата е – Експлоатација. И само тогаш, кога културата ќе биде во рацете на оние што работат – само тогаш културата ќе биде човечка!…“

Оние што работат? Милионите? Да!… Кога тие што го создаваат светот ќе бидат достојно наградени за својот труд, кога ќе исчезне експлоатацијата и искористувањето, тогаш луѓето ќе бидат браќа меѓу себе, а културата – култура!

… И така полека марширав кон Спознанието…

И до колку она сè повеќе се вкоренува во мене, трудот, под условите во кои работам, ми се чини непродуктивен и штетен за мене, зашто чистата печалба е за мојот господар, а со тоа тој и ме прави мене роб.

И ми се чини дека работата за рушењето на овие услови е многу попродуктивна отколку работата под нив, зашто сметам дека таа работа по ништо не се разликува од животинската работа и дека само тогаш кога ќе ги снема нив – работата за човекот ќе биде благослов, насмевка и бакнеж на Природата за неговиот труд! А дотогаш… дотогаш рушењето е попродуктивно.

Тоа ми е последниот Резултат.

  • Ознаки
  • Кочо Рацин
  • Македонска бесмртност
  • проза

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Преглед на укрепените места од средниот век во Република Македонија
Следна објава Венко Марковски: ЧЕТВРТА РОБИЈА
Може да Ве интересира:
На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание
Македонска бесмртност

На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание

октомври 17th, 2022 543
Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава
Македонска бесмртност

Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава

септември 13th, 2022 897
Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик
Македонска бесмртност

Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик

септември 12th, 2022 926
На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски
Историски личности

На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски

септември 2nd, 2022 573
Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров
Историски личности

Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров

август 31st, 2022 580
Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?
Историски документи

Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?

август 30th, 2022 804
На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски
Историски личности

На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски

август 19th, 2022 591
Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата
Македонска бесмртност

Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата

август 17th, 2022 1019
Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци
Македонска бесмртност

Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци

август 13th, 2022 543
Жена на денот
За "чудото од жена" Гал Гадот, Клеопатра била Македонска кралица

За "чудото од жена" Гал Гадот, Клеопатра била Македонска кралица

1237
Маж на денот
Неверојатни факти за фасцинантниот Стинг

Неверојатни факти за фасцинантниот Стинг

1922
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4274
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202219
Македонски народе обедини се! Нема слобода без револуционерна борба
Историски документи

Македонски народе обедини се! Нема слобода без револуционерна борба

Јун 2nd, 202018
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.