Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во актуелниот собраниски состав во Македонското собрание, Александар ?Николоски е еден од ретките политичари кои што го честиташе големиот јубилеј на издавање на 25000 печатено издание на весникот Нова Македонија.
“Честитки за големиот јубилеј на ,,Нова Македонија” првиот македонски дневен весник. “Нова Македонија” е сведок на создавањето и градењето на македонската држава, на подемите, падовите и повторните подеми на Македонија, сведок на создавањето и на самостојна Република Македонија, весник од кој се информираме секое утро, со кој пораснавме и се надевам ќе остариме.
Честитки за целата редакција на “Нова Македонија”, за сите кои неуморно работат како и за сите генерации кои поминале низ весникот. Уште многу јубилеи!”
-напиша Александар Николоски на својата фејсбук страница.


