Нов импулс и нова надеж во борбата за опстанок на Македонскиот идентитет доаѓа од Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
Во врска со изданието “Лингвистички атлас на Македонските дијалекти” на МАНУ, Потретседателот на опозициската партија го изнесе своето залагање продолжување на борбата за зачувување на Македонскиот идентитет преку креирање на широк општонароден фронт на стручна јавност во одбрана на Македонскиот јазик.
“Атласот на македонските дијалекти е научна потврда на тоа што сите го знаеме (освен Заев и Димитров) – постоењето, богатството и распространетоста на македонскиот јазик. Дело кое треба да е основа на македонската надворешна политика во одбрана на македонскиот јазик. Во моментов не е, бидејќи Заев и Димитров ветиле дека ќе го продадат јазикот. Но, за брзо по изборите ова дело ќе е основа на новата политика за одбрана на македонскиот јазик на новата македонска власт.
По изборите, новата Влада на ВМРО – ДПМНЕ ќе ја поттикне целокупната стручна јавност, преку дела, да се вклучи во одбрана на македонскиот јазик, бидејќи сме Македонци кои зборуваат македонски јазик, и никако поинаку.”
-соопшти Александар Николоски со што ги исцрта контурите за еден сегмент на таа борба за опстанок на Македонскиот идентитет.


