Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски попладнево упати силни пораки во домашната и светска јавност кои одекнаа громогласно помеѓу Македонските граѓани.
Во видео обраќање Потпретседателот на опозициската парија, во негов познат жар ги разобличи сите болни точки од кои што страда Македонската држава под диктат на владеењето на Зоран Заев и неколкумината негови блиски соработници кои ја окупираат судбиината и секојдневието на Македонските граѓани.
Николоски во изминатите две години е препознатлив во јавноста по жестоката борба против најсуровите и најсилните инструменти на власта и со своите аргументи успева да го разобличи катастрофалното владеење на Заевизмот во неговата најсурова форма.
“Живи се фатени.
И од овој криминал бегање нема.
А сите се во оваа криминална пирамида, од врвот па надолу.
А на врвот Заев.“
“Знаат дека се виновни, се гледа стравот во нивните очи, затоа што знаат дека се изрекетирани многу бизнисмени и во прашање се десетици милиони евра. Знаат дека не испорачаа правда и знаат дека правдата сега доаѓа по нив. Ги плаши што за брзо ќе немаат заштита од обвинителството и судството. Заробеното обвинителство ќе се ослободи а притиснатото судство ќе почне да носи одлуки исклучиво по устав и по закон. Ниту еден квази-закон за јавното обвинителство нема да им помогне да избегаат од одговорноста за штетите кои ги направија за криминалот кој блеска и за мафијата која за жал има своја држава,”
-соопштува Александар Николоски.
Во овие познати историски моменти ниту тогашната генерација ниту пак вие почитувани граѓани, ни во најлошите соништа не претпоставувавте дека ќе дојде време во кое ќе биде грев да го споменете името МАКЕДОНИЈА.
-се наврати на најгорливиот проблем на Македонците, Николоски.
Притоа јавно пред сите граѓани со целиот свој капацитет и кредибилитет се заложи за промени кои ќе донесат подобар живот за граѓаните на Македонија.
“ДОАЃА НОВО ВРЕМЕ ЗА ПРОМЕНИ И ПРАВДА!
Македонија од секој удар кој и бил нанесен излегувала посилна и силно возвраќала на ударот.
Македонскиот идентитет значи да си победник и ние ќе ги донесиме победите. Ќе ставиме крај на поразите затоа што тоа и го должиме на Македонија, на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!
Следуваат промени на подобро, подобри времиња, квалитетни реформи, почитување на принципите и позитивни резултати кои ќе ги почувствува секој еден од вас. Тоа ви го ветуваме и тоа ветување ќе го исполниме. Обновата доаѓа!“
-потенцираше тој на крајот од своето обраќање.


