Оваа нова дијагностичка метода вклучува магнетна резонанса на мускулоскелетниот систем (зглобови и ‘рбетен столб).
Искусни специјализирани тимови работат со врвна медицинска опрема, а ќе се сретнете и со нивниот добро познат професионален пристап во лекувањето и дијагноза на болестите.
Во Ре-Медика Струмица работи лабараторија за основни анализи. Секој ден работи д-р Борка Грнчарова, специјалист по радиодијагностика. Ре-Медика во својот стратешки развој исто така опфаќа апликацијата на современи методи на лекување поткрепени со најмодерната медицинска опрема овозможуваат брзо враќање на работната способност на пациентите и подобрување на нивниот квалитет на живот.
Има склучено договор за соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип со што стана Универзитетска болница за едукација и усовршување на студентите по медицина од сите степени на студии(прв, втор и трет циклус), вклучувајќи и специјализација.
Во Ре-Медика Струмица работат и специјалисти од областа на педијатријата, ортопедија, гинекологија и акушерство, дерматовенатологија, оториноларингологија, детска психиатрија и хирургија