После морбидните бомбашки напади во Шри Ланка во кои животите ги изгубија 359 луѓе, нова експлозија одекна денеска во реонот на градот Пугода, на околу 40 километри источно од главниот град на Шри Ланка, Коломбо.
Засега нема информации за евентуално загинати или повредени лица.
Полицијата информира дека властите започнале истрага за утврдување на причините за експлозијата. Во рамки на истрагата за овие напади властите на Шри Ланка досега приведоа 58 лица.
Одговорност за нападите презеде џихадистичката група Исламска држава (ИД).