Општина Штип отвори нови рекреативни места посебно за најмладите.
Обезбедени се и и места каде возрасните можат да си одмараат додека децата се забавуваат.
Справите ќе бидат достапни за граѓаните 24 часа и ќе бидат поставени во неколку урбани заедници во градот: – Населба Леваци, до спортското игралиште; – Населба Автокомада , во склоп на постојните спортски игралишта; – Ново Село; – Стар Караорман; – Населба Дузлак, во рамки на постојните спортски игралишта; – Населба Сењак 3; – Паркот до полицијата; – Населба Баби, во паркот до ООУ „Славејко Арсов“; – Населба Осми Ноември, на почетокот од населбата, покрај река Брегалница; – Три Чешми.