Република МАкедонија изобилува со убавини кои се присутни на секој агол во државата. Дури и во длабочините на Охридското езеро, стојат положени восхитувачки детали за кои Македонскиот народ многу малку знае и ги познава.
Нуркачите од клубот за подводни дејности „Охрид“ од Охрид, го одбележаа Денот на водата, 22 март, со заедничко нуркање со колегите од Поградец, на албанскиот дел од Охридското Езеро. Езерското дно од албанската страна на езерото е повеќе песокливо и глинесто, оттаму и многу попогодно за крабите и раковите кои живееат тука.
Нуркачите фотографираа и снимија колонија на краби и ракови кои живеат на длабочина од 10 до 30 метри во тунели и дупки кои им служат како засолниште, откривајќи ни го уште еднаш фасцинантниот подводен свет на Охридското Езеро.
– информираат OhridNews.