Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска имаше свое обраќање во рамки на дебатата „Иднината на Европа и иднината на проширувањето“ во организација на фондацијата Корад Аденауер на која учество зеде и германската амбасадорка во Репулика Македонија.
Во продолжение ги пренесуваме поентите од обраќањето на потпретседателот на опзициската партија и видео прилог од неговиот говор:
“• За жал оспорувањето на Македонија од страна на соседите е практично оспорување на ЕГЗИСТЕНЦИЈАТА на Македонија ваква каква што ја познаваме.
• Јас би сакал да се случи чудо во следниов месец и пол и Македонија да почне преговори со ЕУ, но да бидеме реални ТОА НЕМА ДА СЕ СЛУЧИ.
• Треба отворено да зборуваме со граѓаните и отворено да се соочуваме со проблемите.
• Власта не е посветена на инфраструктурата и искористување на инвестициските фондови на ЕУ
• Изостанува силна битка со корупцијата, особено со онаа ситната која ги „убива” граѓаните по шалтерите, болниците, судовите и обвинителствата”


