Откако Врховниот суд донесе одлука судењето да почне од почеток, на обвинетите им определи други мерки на предпазливост, односно забраната за напуштање на живеалиште и обврска два пати неделно да се јавуваат во Кривичниот суд.
Четворицата обвинети во случајот „Монструм“ излегуваат од притвор. Откако Врховниот суд донесе одлука судењето да почне од почеток, на обвинетите им определи други мерки на предпазливост, односно забраната за напуштање на живеалиште и обврска два пати неделно да се јавуваат во Кривичниот суд.
Со решение на Врховниот суд, обвинетите веднаш се пуштаат на слобода. Тие заедно со уште двајца обвинети кои се во бегство се товарат дека во 2012-тата година го извршиле петкратното убиство кај Смиљковското езеро.