Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци на фејсбук објави свој став во врска со изјавата на пратеничката Емилија Александрова:
Пратеничкава не конта дека не е холивудска јавна личност, напротив народна избраничка која сите ја плаќаме да работи за нас, а да не дрдори во празно, а ќерка и’, која си го спикала газето во Фонд за иновации-не е малолетна.
Да беше јавна личност во Холивуд, невестава досега ќе доживееше нервен слом од медиумите.
Вака била разочарана, али ќе и’ помине со три ,,дијазепама”.
На нас никако да ни помине очајот кој го сее оваа власт на секој чекор заедно со одметнатите вмровци.
Како и да е, пазарот на власта со пратеници кои и’ се од корист во Собрание за гласање – продолжува со несмалено темпо.