ЈП Паркинзи на Општина Центар ги информираше граѓаните дека по повод претстојните Велигденски празници од 26.04. (петок) до 29.04.2019 година (понеделник) паркиралиштата со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат бесплатни за сите граѓани.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 30.04.2019 година (вторник) со вообичаено работно време. Воедно и Охрид како град со најголема фреквенција на посетители за Велигденските празници , го направија истото.
ЈП „Билјанини Извори“ по повод големиот христијански празник Велигден донесе одлука на 28 април, недела, користењето на услугите на јавниот градски простор со кој стопанисува да биде бесплатно за сите.
-Одлуката ја носиме во духот на големиот христијански празник и се надеваме дека со овој наш скромен гест ќе се приклучиме кон промовирањето на христијанските вредности како дел од славењето на самиот празник. – информира ЈП „Билјанини Извори“.