Во среда (17.04.2019 година) во Делчево ќе се одржи големиот сенароден собир на кој свое обраќање ќе има кандидатката за Претседател на Република Македонија професорката Гордана Силјановска Давкова како и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Почетокот на собирот е закажан за 20.30 часот на летната сцена во градскиот парк во центарот на Делчево.
Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево ги повикуваат сите горди и достоинствени делчевчани за да “го означат почетокот на крајот на актуелната ненародна власт предводена од Зоран Заев”.