• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Од Народна Банка гарантираат дека курсот на денарот е стабилен и ќе остане стабилен

април 7th, 2020 Македонија, Политика коментари 1200

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Од Народна Банка гарантираат дека курсот на денарот е стабилен и ќе остане стабилен


До нашата редакција од страна на загрижени граѓани пристигнаа реакции на загриженост како и фотографии од штотуку подигнати банкноти во апоени од 2000 денари кои според граѓаните се сосема нови според својата физичка состојба.

Дополнително граѓаните забележале дека сериските броеви на подигнатите банкноти од банкоматот се нумерирани еден по еден на повеќе подигнати банкноти.

Загриженоста на граѓаните се состои од нивно сомневање дека овие банкноти се штотуку печатени од страна на надлежните власти и дека власта врши печатење на нови банкноти во време на Вонредна состојба како и дека е можна девалвација на денарот во наредниот период.

За таа цел како медиум упативме прашање по електронски пат до Народна Банка за состојбата со вредноста на денерот и дали Гувернерот очекува девалвација на неговата валута.

На прашањето:

Дали Гувернерот очекува девалвација на денарот во наредниот период до крај на 2020 година?

Од Кабинетот на Гувернерот ни одговорија дека гарантираат дека денарот е стабилен и ќе остане стабилен.

“Потсетуваме дека девизните резерви коишто се клучни за одржување на стабилноста на курсот на денарот, и според најновиот расположив податок изнесуваат над 3 милијарди евра – ниво коешто е двојно повисоко од пред глобалната економска криза во 2008 година. Изминатите две години, резервите бележеа значаен пораст, којшто кумулативно изнесуваше речиси милијарда евра, а 80% од ова зголемување беше одраз на нашите интервенции на девизниот пазар, што покажува здрави фундаменти и способност на економијата да создава дополнителни девизни приливи. Воедно, на крајот на минатата година, нивото на резервите беше и над нашите очекувања. Ова го потенцираме бидејќи јасно упатува дека девизните резерви се на комфорно ниво. Гледано според показателите на адекватност, во моментов резервите покриваат околу четиримесечна покриеност на увозот на стоки и услуги, речиси се на нивото од краткорочниот долг со резидуално достасување, а како учество во БДП од минатата година изнесуваат 27%.
Според сите наши оцени, ова е ниво на девизни резерви коешто остава простор и за соодветна реакција со интервенции на девизниот пазар, но исто така е и гаранција за сите наши економски субјекти дека постои силен механизам за одржување на девизниот курс на стабилно ниво. Дополнително, како што веќе имаме истакнато во повеќе наврати, мие, како централна банка располагаме со низа инструменти со коишто гарантираме дека девизниот курс на домашната валута во однос на еврото ќе остане стабилен.
И пред неколку дена посочивме: Граѓаните треба да бидат спокојни. Стабилноста на курсот била, е и ќе остане наш приоритет. Ние гарантираме дека денарот е и ќе остане стабилен! Ова го потврдуваме и денес, а сигурни сме дека во секој момент ќе го потврдуваме и во времето што е пред нас”,

-информираат од Кабинетот на Гувернерот на НБРСМ во однос на ова прашање.

Дополнително во врска со информациите дека Народната банка ќе печати нови банкноти од 10 и 500 денари во време на Вонредна состојба, го упативме следното прашање:

“Дали поради Вонредната состојба во државата и економските потреси кои ќе следуваат најверојатно кај граѓаните и стопанството, печатењето на новите банкноти може/можело да биде одложено а сретствата потребни за оваа постапка да се наменат за други приоритетни потреби?”

од кабинетот на Гувернерот ни одговорија:

“Веднаш по започнување на актуелната корона-криза, ние ги стопиравме сите претходно планирани активности и постапки коишто подразбираат финансиски трошоци, а коишто не се од значење за успешно спроведување на клучните функции на Народната банка и во овој период, а коишто не биле отпочнати во периодот пред кризата и согласно со законската регулатива мора да бидат завршени. “

Притоа од Кабинетот на Гувернерот информираат дека за сите прашања и дилеми кои постојат кај граѓаните од областа на делокругот на надлежности на Народната банка им стојат на располагање на нивните контакт врски преку телефон како и по електронски пат.

Последна ажурирана информација на темава во продолжение:

Ажурирана информација: Последно печатење на банкноти од 2000 денари имало во 2016 година

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава ВИСТИНСКОТО ЛИЦЕ НА МИЗЕРИЈАТА или чин на добра волја?
Следна објава Ажурирана информација: Последно печатење на банкноти од 2000 денари имало во 2016 година
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 715
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 647
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 670
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1323
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 604
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 694
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 369
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 460
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 670
Жена на денот
Кејт Аптон-модел и актерка со убавина која извира од душата

Кејт Аптон-модел и актерка со убавина која извира од душата

632
Маж на денот
Омар Боркан- толку неодолив и убав што бил протеран од родната земја

Омар Боркан- толку неодолив и убав што бил протеран од родната земја

3106
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1482
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша
Магазин

Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша

Сеп 23rd, 201819
Сакаме вакви дресови
Матна Брегалница

Сакаме вакви дресови

Сеп 22nd, 201918
Медицинскиот персонал моли за заштитни сретства
Матна Брегалница

Медицинскиот персонал моли за заштитни сретства

Апр 5th, 202018
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.