Наместо 4,6 км од виничка страна , градоначалникот Димитров обезбеди средства за асфалтирање на уште 2 км за комплетно покривање на патот кој поминува низ село Трсино, а во рамките на проектот за реконструкција на регионалниот пат Виница-Делчево преку Бигла,
-информираат од страна на општинската администрација
-Продолжуваме со градежната офанзива, продолжуваме со проширување на патниот правец од црквата Св.Спас па до село Трсино, најпрво беа предвидени 32 милиони денари за овој патен правец, но во договор со ЈП за државни патишта, наместо 4,4 километри, деновиве се обезбедени дополнителни 10 милиони со кои ќе асфалтираме уште два километри, или вкупно 6,5 км, со што ќе го поминеме и село Трсино, до село Трстија до пропустот кој го направивме и таму ќе заврши асфалтирањето. Овој пат исто така добива и проширување од 3 на 5 метри, до крајот на септември ќе биде целосно завршен,
-соопшти Градоначалникот Димитров.
Реконструкцијата на регионалниот пат од селото Бигла до Виница започна во текот на летото, од делчевска страна се асфалтирани 2,4 км до селото.
Градежните работи за овој патен правец се влезени во Програмата на ЈП за државни патишта, и за истиот првично беа издвоени 52 милиони денари , деновиве се одобрени дополнителни 10 милиони денари, а изведувач на работите е ЈП Македонија пат.
Градежните работи треба да завршат до крајот на септември.
Извор: Фејсбук страна на