Со комедијата „Вдовицата се мажи“ од Антон П. Чехов велешкиот театар доби дури две награди во Русија која во светските театарски кулоари се смета за земја на театарот. Театарот “Јордан Хаци Константинов Џинот” од Велес со оваа претстава која е во режија на Младен Крстевски на престижниот Интернационалниот театарски фестивал „Руска класика“ кој се одржа во Москва се закити со награда за најдобра странска претстава и награда за најдобар ансамбл за актерите Младен Крстевски, Васил Зафирчев и Марина Поп Панкова.
Многу возбудливо и многу инспиративно.
-вака го започнува своето искуство актерот Васил Зафирчев кој е еден од наградените актери во претставата.
Целиот разговор со Младен Крстевски кој што е уметнички директор на театарот во Велес и со актерот Зафирчев може да го погледнете во сл. видео.