На седница на Организацијата на Обединетите нации утре (четврток 07.06.2018 година) во Женева претставници на Македонската дијаспора ќе присуствуваат со цел да ги образложат своите Барања во врска со спорот со името меѓу Република Македонија и Грција.
Седницата е посветена на прашања поврзани со човековите права а нашите сонародници кои доаѓаат од повеќе делови на Европа ќе ги изнесат добро познатите ставови за прекин на овие штетни преговори со Грција и аргументите зошто е штетнна негаторската политика на нашиот јужен сосед кон нас како слободни и независни граѓани на Македонија на кои им се негира името а со тоа и идентитето на постоење.
Сесијата во ООН е закажана да започне после 14.00 часот


