Со полагање на свежо цвеќе пред споменикот на првоборецот Ванчо Китанов денеска во Пехчево беше одбелечан 7 Септември- Денот на ослободувањето на град Пехчево од страна на партизанските сили во Втората Светска Војна.
Делагација на општинскит комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Пехчево заедно со кандидатот за градоначалник Александар Китански се поклонија пред делото на храбрите херои од пехчевската околија кои што ги дадоа своите животи за слободата која денес ја жибееме.
“По повод 7-ми Септември, Денот на ослободувањето на градот Пехчево од фашистичкиот окупатор , Претседателот на ОК ВМРО -ДПМНЕ Пехчево и кандидат за Градоначалик на Општина Пехчево г-дин Александар Китански заедно со преставници на ОК ВМРО-ДПМНЕ Пехчево, положија свежо цвеќе пред бистата на првоборецот Ванчо Китанов. Да бидеме горди на сите наши херои од нашта околија што ги дадоа животите за ние слободно да живееме. Вечна им слава на паднатите херои.”
-напишаа на фејсбук од опозициската ВМРО-ДПМНЕ од Пехчево.


