По повод 7 Септември- Денот на ослободувањето на Делчево кандидатот за градоначалник на општина Делчево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Д-р Николчо Стојменовски упати своја честитка во јавноста до граѓаните на Делчево:
“Драги делчевчани, мои сограѓани… Нека ни е честит 7 Септември – Денот на ослободувањето на Делчево од фашистичкиот окупатор.
Денеска, кога Делчево одбележува 77 години од ослободувањето, како граѓани сме исправени пред нови предизвици, а тие се поврзани со развојот и напредокот на Делчево. Одговорност на нашата генерација е да се погрижиме Делчево да просперира, да стане модерна општина која ќе предничи во регионот, па и пошироко.
Искрено се надевам дека во периодот кој ни претстои ќе успеете да ја препознаете чистата и цврста визија за Делчево, за општина во која сите генерации ќе добијат еднаква шанса за напредок и поквалитетен живот на сите полиња.”
–напиша на фејсбук Д-р Николчо Стојменовски.



