Лоцирани на северозападот од Шпанија во Галиција, оваа природна убавина која што го одзема здивот стои како нем сведок на природните процеси спротивставувајки се на текот на времето.
Атлантскиот океан со својата плима и осека како со музика го обликува овој предел во преубаво и мнонументално крајбрежје испрскано со геоморфни лакови и пештери создадени под еродивното дејство на природата.








Местото помеѓу локалното население е познато како “Плажа на светите води” или како “Катедралите” и има речиси духовно значење за луѓето кои што ги посетиле овие убавини кои го одземаат здивот. Пештерите и подземните простории во околниот терен се формирани под влијание на долготрајното дејство на измивањето од страна на морската вода.
За посетителите кои што сакаат да го посетат овој природен локалитет тоа можат да го направат сорезервација и купување на билет на официјалната страница на туристичкиот локалитет тука каде што постојат детални информации на кој начин можете да го посетите овој локалитет.
Секако пред да појдете да го посетите локалитето на Плажата на катедралите проверете каква е состојбата со плимата во регионот.


