Во сабота вечер на 30.03.2019 година со почеток во 20.00 часот во локален бар во Штип се одржа третиот по ред избор на најуспешна жена претприемач во источен, североисточен и југоисточен регион за 2018 година во организација на Здружение за еднакви права и можности ЖЕНИТЕ ВО ЕКОНОМИЈАТА- Штип и Маркетинг агенцијата “МАРКЕТИНГ МИКС”.
Притоа беа доделени следните награди во повеке категории и тоа:
* Најуспешна жена претприемач во категоријата Бизнис со најголем потенцијал: Снежана Танева, земјоделец од Гевгелија
* Најуспешна жена претприемач во категоријата Бизнис со најголем раст: Галба Стојковска, Фротекс Компани ДООЕЛ од Делчево
* Најуспешна жена претприемач во категоријата Најмлад бизнис: Елена Крстева Ресторан Марси бар од Штип
* Најуспешна жена претприемач во категоријата Најхуман бизнис: д-р Камка Коцева-Ординација за гинекологија и акушерство Афродита плус од Кавадарци
* Најуспешна жена претприемачво категоријата Бизнис со најдолга традиција: Магдалена Симоновска, Компанија за обувки Шевро од Куманово
* Најуспешна жена претприемач за 2018 година според публиката: Ерина Коцева, аптека Калемар Комерц од Свети Николе
* Оваа година за прв пат доделуваме Специјално признание за најголем хуманист на г – ѓа Зорана Костовска.
* Здружението Жените во економијата, одлучи Наградата за најкреативен бизнис да ја додели на Бранка Стојчева, моден бренд Гламур од Штип.
*** И Најуспешната жена претприемач за источен, североисточен и југоисточен регион за 2018 година според жири комисијата е Лидија Милановска, чевларска компанија Де Марко од Куманово.
ИМ ЧЕСТИТАМЕ НА ДОБИТНИЧКИТЕ НА ПРИЗНАНИЈАТА И НА СИТЕ УЧЕСНИЧКИ ВО ИЗБОРОТ.
Овој настан и целата организација на истиот е добра можност за афирмација на трудот и општествената дејност на жените од различни региони во државата, со што се прави своевидна дисперзија на фокусот од економските активности кои се реализираат во Скопје.