11 Октомври 1941 година е длабоко врежан во македонската историја како светол симбол на македонскиот непокор и вековниот стремеж за сопствена слобода на македонскиот народ. Во овие празнични денови им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото антифашистичко и народноослободително востание, на сите херои кои беспоштедно ги дадоа своите животи за остварување на една возвишена цел – слободата, но и можноста македонскиот народ да ја гради својата иднина и просперитет во слобода.”Нека ни е честит и вековит празникот.
Да живее Република Македонија!”


