Градоначалникот на Лозово кој што ја доби довербата на Зоран Заев да трчи за втор мандат на локалните избори во октомври на социјалните мрежи се пофали дека ќе дели колички за пазарење за пензионерите.
Овој негов “гламурозен” проект ќе биде спроведен преку доделување на популарно-наречените ваучери со кои што Зоран Заев ја “купуваше” волјата на гласачите на претходните парламентарни избори.
Овој проект Градоначалникот Ацо Велковски го претставува како дел од активностите на општина Лозово од областа на социјалната заштита за 2021 година.
Во продолжение го пренесуваме соопштението на Градоначалникот Велковски упатено во јавноста во врска со овој негов “проект”.
“Една радосна вест за пензионерите од општина Лозово.
За прв пат општина Лозово во програмата за активностите на општина Лозово во областа на социјалната заштита за 2021 година предвиде доделување на ваучери на пензионерите од општина Лозово за мини-колички кои можат да ги користат за различни потреби.
По распишување на јавниот повик секој пензионер жител на општина Лозово, а во соработка со клубот на пензионери од општина Лозово ќе добие ваучер за подигање на мини-количката.Општина Лозово веќе ги набави количките , а тие ќе бидат субвенционирани на принципот ,,прв дојден прв услужен”
Се грижиме подеднакво за сите граѓани.Општина Лозово се сака со “