• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност
Историски документи

ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН: БУГАРСКИТЕ ФАЛСИФИКАТИ ЗА УСТАВОТ НА ИСТОРИСКОТО ВМРО

ноември 8th, 2020 Историски документи коментари 1105

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН: БУГАРСКИТЕ ФАЛСИФИКАТИ ЗА УСТАВОТ НА ИСТОРИСКОТО ВМРО

Бугарската историографија е најдобро позната по масовното фалсификување на историски документи, писма, публикации, книги и друга документација поврзана со македонската историја.

Дури и денес сме сведоци како Бугарите во 21-ви век ги крадат и фалсификуваат не само старите македонски, туку дури и новокомпонираните македонски песни од покојниот Војо Стојановски, а од македонските играни филмови вадат фотографии и пишуваат дека лицата на нив се Бугари, каква што беше неодамнешната фалсификувана фотографија од македонските актери Владо Јовановски и Николина Кујача од филмот „Прашина“, чија фотографија Бугарите ја објавиле во црно-бела техника и напишале дека се работи за стара фотографија од бугарски брачен пар. Невидени фалсификатори.

Затоа и не е чудно што Бугарите се дрзнале да го фалсификуваат и уставот на историското ВМРО, и да го престават како некакво нивно фантомско БМРО.

Кое било првото име на Организацијата?

Факт е дека ПРВИОТ устав на ВМРО од 1893/1894 како документ го нема, најверојатно скриен или можеби и веќе уништен од бугарските историчари, во чии архиви најверојатно завршил.

Но затоа постојат спомените на Христо Татарчев, во кои тој објаснува:

„ Го натоваривме Поп Арсов врз основа на тој Статут да изработи проект за нашиот Статут. На истиот состанок на долго се расправаше како да биде името на револуционерната организација и на комитетот. Тоа прашање ни одзема многу време и најпосле, како што паметам, го усвоивме називот: МАКЕДОНСКА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА, а комитетот – Македонски централен револуционерен комитет, а скратено М.Ц.Р.К.“

Иако оригиналниот ПРВ устав на Македонската Револуционерна Организација го нема, сепак има факсимил од печатот кој бил ставан на писмата со кои комуницирале македонските револуционери, кој печат ги потврдува зборовите на Христо Татарчев.

На првата фотографија јасно се гледа дека на печатот на МРО пишува Македонски Централен Револуционерен Комитет.

На втората фотографија пак се гледа ВТОРИОТ устав од 1896 година, при што името е сменето од МРО во ВМОРО, во кој јасно се читаат двете главни цели:

  1. Внатрешната Македоно – Одринска револуционерна организација има за цел да ги сплоти заедно сите незадоволни елементи од Македонија и Одринско, без разлика на народност, за извојување на една полна политичка автономија на тие две области.
  2. ОРГАНИЗАЦИЈАТА СЕ СПРОТИВСТАВУВА НА СТРЕМЕЖИТЕ ЗА ДЕЛЕЊЕ И ОСВОЈУВАЊЕ НА ТИЕ ОБЛАСТИ ОД КОЈА И ДА Е ДРЖАВА.

Христо Татарчев во врска со додавањето на Одринско во името на организацијата во своите спомени истакнува:

  • „Одринско од почетокот не влегуваше во нашата програма. Целото наше внимание тогаш беше насочено околу Македонија, но покасно почна да се зацврстува идејата во нас, така што нашата организација да го опфати и Одринско, каде судбината на христијанското население (под турско ропство н.з.) не се разликуваше со ништо од судбината на македонскиот народ и каде политичко-социјалните и економски услови беа речиси идентични со оние во Македонија. Притоа чл. 23 од Берлинскиот конгрес не охрабри доста во тој однос и зафативме попосле да го обмислуваме поопстојно и тоа прашање – дали ќе биде полезно, ако и Одринско биде вовлечено во нашата програма. Најсетне дојдовме до заклучок дека и таа област треба да составува дел од нашата ревулуционерна дејност…“

Како што е добро познато, подоцна Одринско ќе биде избришано од името на Организацијата и во следните устави ќе остане само името ВМРО.

На третата фотографија гледаме два бугарски фалсификати, на кои Бугарите го фалсификувале името на Организацијата во Бугаро-Македонско-Одрински револуцинерен комитет, односно БМОРК , а во целите на организацијата додавале дека се работи за бугарско население, за Бугари и слични други бугарски лаги.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Гоце Марков: Ароганцијата ќе не уништи!
Следна објава Љубомир Цуцуловски: ВЕЌЕ НЕ СЕ НИ КОМИЧНИ
Може да Ве интересира:
Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?
Историски документи

Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?

август 30th, 2022 858
Дијалектите на Македонскиот јазик се присутни во Егејска, Вардарска, Пиринска Македонија, во Албанија и во Косово
Историски документи

Дијалектите на Македонскиот јазик се присутни во Егејска, Вардарска, Пиринска Македонија, во Албанија и во Косово

јули 20th, 2022 569
Иван Иванов: Манифест на Привремената Влада на Македонија - Единство од 1881 година
Историски документи

Иван Иванов: Манифест на Привремената Влада на Македонија - Единство од 1881 година

јуни 23rd, 2022 790
Ова се стиховите каде Македонија и Македонците се спомнуваат во Библијата
Историски документи

Ова се стиховите каде Македонија и Македонците се спомнуваат во Библијата

мај 30th, 2022 1164
Историски документ: Апел до Македонците во Бугарија - 1944
Историски документи

Историски документ: Апел до Македонците во Бугарија - 1944

мај 26th, 2022 540
Вашингтон Пост во 1908 г: Македонците во САД бараат од претседателот Теди Рузвелт да се заложи за автономија на Македонија
Историски документи

Вашингтон Пост во 1908 г: Македонците во САД бараат од претседателот Теди Рузвелт да се заложи за автономија на Македонија

мај 23rd, 2022 823
Бугарски Мит- Бастер: Tито не бил ни роден кога Ѓорѓи Пулевски ја испечатил првата Македонска граматика
Историски документи

Бугарски Мит- Бастер: Tито не бил ни роден кога Ѓорѓи Пулевски ја испечатил првата Македонска граматика

април 19th, 2022 784
Разобличување на бугарските обиди за фалсификат на историјата за постоењето на Македонците
Историски документи

Разобличување на бугарските обиди за фалсификат на историјата за постоењето на Македонците

април 19th, 2022 723
Дали можеби Бугарите се творба на Тито и СССР?
Историски документи

Дали можеби Бугарите се творба на Тито и СССР?

февруари 15th, 2022 1454
Жена на денот
Мерлин Монро и нејзиниот неоткриен талент

Мерлин Монро и нејзиниот неоткриен талент

773
Маж на денот
Џејсон Статам- Сон за секоја жена што сака акција

Џејсон Статам- Сон за секоја жена што сака акција

1904
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201923
Сакаме вакви дресови
Матна Брегалница

Сакаме вакви дресови

Сеп 22nd, 201918
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201918
Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша
Магазин

Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша

Сеп 23rd, 201818
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.