Пред очите на целата штипска јавност можат да се забележат слабите резултати на реализација на инфраструктурни проекти од страна на актуелниот градоначалник Благој Бочварски.
Од страна на засегнати граѓани на Штип до нас пристигна реакција во која се наведуваат проблематични факти за работата на општинската администрација.
Се споменува дека т.н. големи капитални проекти на Градоначалникот на Општина Штип се претвориле единствено во една проширена уличка, која случајно или не, директно води до зградата која ја гради компанијата на неговото семејство. Оваа уличка изгледа е најголем приоритет на економскиот центар Штип, па затоа изминатиов период макотрпно се работело на на неа да биде реализирана.

Исто така, трагедијата во работата на локалната самоуправа не завршувала тука. Во ек на изборите на неколку локации во градот видлива била сликата на паркирани асфалтни машини, раскопани тротоари, оставени неколку палети бекатон, со цел за да се изврши влијание кај граѓаните во ек на изборите.
Една недела после завршување на изборите нема промена на тие локации, а уличката до зградата на фамилијата Бочварски веќе е во завршна фаза.
Во реакцијата се вели дека ова уличка не била приоритет за штипјани за што говори и фактот дека граѓаните во населбата Каваклија немаат пристапен пат и вода за пиење, а жителите на населбата Караорман со години газат во кал… и ова се само неколку од населбите со приоритетни проблеми во Штип.
Во реакцијата упатена до нашиот портал се апелира градоначалникот Бочварски да не гледа прво да го задоволи својот бизнис интерес, и да се пофали со двометарско проширување на уличка до неговиот стамбен објект, па потоа, ако остане време и пари, на дневен ред ќе ги стави и останатите граѓаните на Штип.