Во текот на денешниот ден во присуство на Кејт Мери Брнз- амбасадорка на САД во Македонија и повеќе градоначалници, Градоначалникот на општина Виница Миле Петков потпиша Меморандум за соработка со имплементаторската организација Кардно Емергинг Маркетс, Лтд која што имплементира проект на УСАИД кој во крајна линија треба да придонесе за подобрување на процесот за децентрализација на единиците на локалната самоуправа.
Проектот има повеќе цели од кои што најважни се изнаоѓање на начини за зголемувањето на приходите на општина Виница.
“Денес потпишав Меморандум за соработка помеѓу општина Виница и Кардно Емергинг Маркетс, Лтд- главен изведувач и имплементатор на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.
Цели на овој Проект на УСАИД е во соработка со единиците на локалната самоуправа и Владата на РМ да се постигне:
Зголемување на приходите од сопствени извори на локалната самоуправа.
Зголемен пристап до надворешно финансирање.
Зголемено ниво на извршување на буџетот на единиците на локалната самоуправа.
Подобрување на процесот на децентрализација”
-соопшти градоначалникот на општина Виница Миле Петков во јавноста во врска со потпишаниот Меморандум.