Министерот Спасовски изјавил и на фејсбук објавил дека е забрането за вработените во МВР да членуваат во политичка партија.
Лично се согласувам дека е така според Законот (иако не сум убеден дека тоа е во склад со Уставот).
Спасовски како да заборава дека во МВР без никакви професионални критериуми си ги вработија поранешните градоначалници на СДСМ што изгубија на изборите.
Единствен критериум за вработување беше партиската припадност.
Еден градоначалник дури станал и експерт за ДНК анализи во МВР.
Другиот градоначалник кој ги изгуби изборите, по професија – обработувач на камени блокови, поточно каменорезец, исто така го сместиле во МВР. Веројатно имале потреба за таков кадар.
Пародија.
Спасовски, еве Ви ги со име и презиме и слики, па произнесете се дали овие лица се вработени во МВР и доколку се, тогаш од кога и по кои критериуми?
Дали против овие лица ќе преземете соодветни законски мерки како што тоа го правите против сите неистомисленици кои за разлика од вас си ја сакаат државата, а вие за да ги казните ги брендирате како вмровци и им измислувате дисциплински?
Јас одговорот го знам, кажете и’ на јавноста. Јавноста има право да знае за тоа какви лица се вработуваат во МВР за да се грижат за нивната безбедност, дали се тоа неуспешни партиски структури или професионалци.
Народот ја плаќа полицијата и народот треба да знае како ги злоупотребувате неговите пари.
МВР го направивте партиско дувло на СДС кое се гуши во неспособност и криминал. Млади деца со соодветен факултет ги оставате надвор на улица за да си ги вдомите партиските другари. А списоците за вработување како полицајци, тие се посебна приказна. На два партиски списоци, еден од СДС, другиот од ДУИ.
И после ќе се чудите зошто младите бегале од државата. Е затоа бегаат, затоа што ја упропастивте и ја убивте надежта.
-фејсбук статус на пратеникот Драган Ковачки.