Во магичниот и неповторлив амбиент кој го поседува етно ресторанот „Виа Игнација“ во Вевчани, на 22-ри јуни (сабота), во 20 часот, ќе биде отворена десеттата по ред Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“.
Љубителите на уметноста ќе имаат можност да уживаат во концертот на познатите хрватски поп пејачи, Петар Грашо и Даниела Мартиновиќ.

На колонијата учество ќе земат познати уметници од Македонија и од светот кои за своите ликовни дела ќе ја имаат на дофат преубавата недопрена природа и архаичниот амбиент на Вевчани.
Ликовната колонија „Вевчански видувања“ во изминатите години прерасна во респектабилна културна манифестација, чиј квалитет е препознаен и во светски рамки.
На колонијата до сега имаат земено учество над 200 еминентни ликовни уметници од земјава и странство. Најдобрите дела насликани од учесниците на колонијата, се изложувани на престижни изложби во светот.
Вевчани е совршено место за одмор во преубавата природа, место каде што можете да ги пробате најубавите традиционални македонски јадења , и место кое совршено може да се вклопи во потребите на секој уметник.