За првпат Виничко Кале беше одлично место за отворен театар на Виничани. Тука под отворено небо виничкиот шоумен и актер Игор Дамјанов отвори едночасовен монолог со светецот Илија.
Целата содржина беше своевидна провокација за религијата, за црквата, а актерот Ило (Игор Дамјанов) после серија убиства, на сопругата , швалерката, пријателите, (сите кои ја изневериле неговата доверба), упорно бараше одговор од Св.Илија (разговор со иконата на Илија) , зошто господ не ги казнува гаволските работи“ (прељубата, лагата,) туку тој мора тоа да го прави, па мора да ја чека Божјата правда да го стаса и него (т.е да го казни).

Претставата изобилува со провокативни моменти, но сепак се заокружува со Поентата дека Господ постои и божјата правда никого не заобиколува.
“Монодрамата “Страстите на Илија“ е интересна за мене, мојот лик ја бара праведливоста и правдата, праведливоста е како треба се да е право, мојот лик ја бара од негова гледна точка, тоа ме провоцираше и целта ми беше да докажам дека има Бог, колку и да го провоцираме да се покаже, но кога ќе дојде моментот ќе ни се покаже, сепак тој постои. Јас сум човек кој верува во Виша Сила, но тука религијата е искористена и како момент за Власта, да докажам дека луѓето можат без власта, но власта не може без луѓе, боговите не можат без луѓето, а луѓето можат без боговите, и на крајот сите одиме на исто место“. За мене лично беше голем предизвик да играм на отворена сцена, за првпат направивме таква претстава на Виничко Кале, собравме многу луѓе, и ако треба уште еднаш ќе ја изведеме“, рече Игор Дамјанов.
Монодрамата „Страстите на Илија“ е од бугарскиот драматург и режисер Димо Дешев, а во режија на неговиот професор Чавдар Крстев. Претставата се изведувала во галеријата на КИЦ( Културно-информативниот центар на Македонија во Бугарија), Веќе е прикажувана на неколку фестивали во Бугарија, а во Мкаедонија учествуваше на ДАФ во Кочани. Како што рече Дамјанов, неговата кариера веќе е насочена кон глумата, а после оваа прва негова монодрама, веќе во септември низ Бугарија ќе се прикажуваат уште две нови претстави, една за деца и една сатирична комедија во која тој ќе земе учество.
