• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Регион

Ова се случува кога Македонскиот народ доаѓа по своето: Штип и целиот Брегалнички регион предводници на правдата

април 19th, 2019 Регион коментари 1568

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Ова се случува кога Македонскиот народ доаѓа по своето: Штип и целиот Брегалнички регион предводници на правдата

Вечерва во срцето на Брегалничкиот регион во Штип голем број на граѓани на општина Штип но и од околните места упатија силна, одлучна и громогласна порака за победа на правдата над црнилата:

Ова е времето кога Македонскиот народ доаѓа по своето!

Дојдено е време на правдината!

Дојдено е време за жена-Претседател на нацијата

Дојдено е време за Гордана Сиљановска Давкова

На еден од најмасовните митинзи во изминатите 3 недели за претставување на Претседателскиот кандидат- Професорката Гордана Сиљановска Давкова, народот кој битисува од памтивек покрај течението на реката Брегалница, со светол поглед и огромна доза на достоинство и чувство на патриотизам, излезе да ја поддржи платформата за коренити промени против деструктивизмот кој го наметна актуелната власт на Зоран Заев, опкружен со мал број негови истомисленици во изминатите 2 години.

Излезе рамо до рамо со Професорката Гордана Сиљановска Давкова, со првенците на Коалицијата За Подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, пред лицето на целиот свет да ги овековечи овие моменти од најголема историска важност во кои Македонија е исправена пред премрежјата на историјата.

Овој народ си ја сака слободата, своите правдини и излезе вечерва во Штип да се бори за тие свои вредности.

Овој народ роден од животот кој го дарува ова поднебје од памтивек, судејќи според фотографиите во прилог и честитоста и големината која ја носи во себе веќе одбра:

Во продолжение ја пренесуваме пораката на Професорката Гордана Сиљановска Давкова до Македонските граѓани:

Вие сте мојот глас, а јас ветувам дека ќе бидам вашиот глас, гласот на народот

Драги пријатели, драги сограѓани,

Пред да започне изборниот молк на полноќ, би сакала да ви се обратам уште еднаш. Минав илјадници километри низ нашата прекрасна татковина, сретнав многу луѓе, стиснав илјадници раце. Ве молам, простете ми што не успеав да стасам насекаде, но ветувам дека ќе ве посетам во вториот дел од кампањата. Исто така, ви ветувам и дека по победата моите патишта ќе водат секогаш кон вас.

Слушнав и видов многу. И арно и лошо. Видов сиромаштија, разочарување и тага, но видов и надеж и жар. Новото сонце на слободата веќе го видов во вашите очи. Ја видов и решителноста и желбата да се сплотиме, без оглед на политички, етнички, верски и какви било други разлики. Нашата единствена и заедничка партија е нашата татковина Македонија.

Македонија и нејзините граѓани страдаат од невладеење на правото и од авторитаризам, од полициски притисоци, од невработеност, неслободни медиуми, од бизниси поклопени со тешката рака на политиката, од разурнато здравство и образование, од загадена животна средина.

Свесна сум дека шират страв и вршат притисоци. Ги води бескрупулозна желба за гола власт и профит. Се колнат во НАТО и ЕУ додека нѐ оддалечуваат од сето она што значи живеење во пристојна држава. Но, нас нѐ води желбата за право и за правда за нашата Македонија.

Благодарение на вас, застанав на чело на оваа борба во која ќе се соочиме со нив, отфрлајќи ги стравот и пасивноста. На тоа нѐ обврзуваат предците, тоа од нас го бараат младите и идните генерации. Не сакаме да се срамат од нас. Дојде време да покажеме, и преку избори, дека ние немаме друга алтернатива ‒ или Македонија ќе биде слободна и демократска, или од неа ќе направат колонија, а децата ќе ни заминат разочарани.

Свесна сум за вашиот гнев и за разочарувањето од сето она што се случуваше во минатата година. Ги разбирам и оние што се двоумат и што мислат дека со изборите ги признаваме наметнатото име и октроираниот Устав. Ве уверувам, Република Македонија не може да се обезличи без наша дозвола. Нашата пасивност ќе ја злоупотребат, ќе ја толкуваат како согласување со нивните политики ‒ и најмногу од сѐ, пасивноста ќе им ги отвори вратите за изборните манипулации. Затоа, мораме да ја заштитиме татковината која се брани и со референдуми и со протести, ама и со избори на луѓе што ќе имаат доблест и храброст да им застанат на патот.

Јас верувам во нас, верувам дека в недела ќе си го поставиме вистинското прашање: кому му верувате дека ќе биде ваш глас, глас на непокор и борба за правдини. В недела на гласачкото место ќе се најдете само Вие, ливчето и пенкалото. Изборот е ваш! Изборот е едноставен: сакате лаги или вистина, неправда или правда, наведната или крената глава, корупција и неспособност или реформи и напредок.

Заокружете го бројот 2!

Нѐ пребројуваа, нѐ омаловажуваа, но нивната нервоза зборува дека се свесни дека нѐ има многу повеќе од она што можеше да се види. До мене допреа сите ваши зборови на поддршка, вашите барања, идеи и посветеност. Власта извира од народот: тој дава власт, ама и одзема. Нема да им успеат обидите за изборни манипулации кои веќе ги разоткривме. Нека не се ни осмелуваат да помислат да го кршат изборниот процес, бидејќи ќе бидеме будни и овој пат нема да бидеме тивки како по референдумот. Ќе се бориме со сите демократски и ненасилни средства.

Доста беше! Нека го означи 21 април почетокот на нивниот крај. За да успееме, би сакал уште еднаш да апелирам и да ве замолам да зборувате со вашите блиски, соседи, колеги или пријатели. Да ве замолам да размислите добро што ќе се случи ако победи нивниот кандидат, или ако не успеат изборите. Сега е моментот да ги збиеме редовите. Вие сте мојот глас, а јас ветувам дека ќе бидам вашиот глас, гласот на народот.

Македонија е земјата на која ѝ должам многу, и сега е ред, со ваша помош, да ѝ ги вратам гордоста и правдата. Време е да го направам вашиот глас и слушнат и испочитуван!

Ваша,

Гордана

 #ПравдаЗаМакедонија #ТатковинатаПовикува

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Прес конференција на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево
Следна објава Последната објава на Тоше-момчето што почина поради недостатоци на здравствениот систем во државава
Може да Ве интересира:
Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина
Институции

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

април 1st, 2023 415
Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија
Институции

Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

ноември 23rd, 2022 608
Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022
Институции

Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022

ноември 23rd, 2022 565
Кој и зошто им ја секнува водата  во домовите на жителите на с. Град, делчевско?
Институции

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

ноември 22nd, 2022 657
Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза
Институции

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

ноември 21st, 2022 572
Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата
Институции

Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

ноември 21st, 2022 465
Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево
Граѓани

Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево

ноември 19th, 2022 1478
Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!
Граѓани

Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!

ноември 17th, 2022 401
Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Институции

Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

ноември 17th, 2022 632
Жена на денот
Барбара Палвин со право е еден од ангелите на Викторија Сикрет

Барбара Палвин со право е еден од ангелите на Викторија Сикрет

736
Маж на денот
Николас Хулт - Хорското момче на кое актерството не може да му одолее

Николас Хулт - Хорското момче на кое актерството не може да му одолее

1070
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Така е Антонио! И ние истото би го направиле!
Македонија

Така е Антонио! И ние истото би го направиле!

Апр 8th, 201921
Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори
Македонија

Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори

Сеп 26th, 201821
Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам
Македонија

Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам

Сеп 8th, 202119
Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години
Регион

Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години

Мај 11th, 202119
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.