Од Сојузот на одгледувачи на овци како репрезентативна организација во која членуваат најголем број на одгледувачи на овци најавуваат генерален протест пред зградата на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство. Протестот ќе започне на 15 септември ако до тогаш не се исплатат субвенциите а ќе трае се до исплатата на субвенциите на овчарите!!
Рокот за исплата на субвенциите за одгледувачите на кози и овци за минатата 2021 година беше до 30 јуни 2022 и истите до ден денес не се исплатени што на овие земјоделци им предизвикува огромни проблеми во нивната егзистенција и одржување на стадата.