Вработени во Јавното претпријатие “Камена Река” од Македонска Каменица со својата расположива механизација во текот на денешниот ден работеа на пробивање и оспособување за сообраќај на дел од локален пат кој што води до селото Косевица.
“Прочистување на локалниот пат до Паровско маало во село Косевица, за олеснето движење и подобрена мобилност на жителите од оваа рурална средина во општина Македонска Каменица.
Екипите на ЈП Камена Река, со вклучена крупна механизација во работењето, ќе продолжат со чистење на локалните патишта и во останатите селски средини.”
-информираа од ЈП “Камена Река” од Македонска Каменица.