Заев знае, а и Шеќеринска знае, дека цензус на 30-ти нема да има! Тоа што не знаат е дали референдумот ќе биде дебакл или тежок дебакл. Бројката која ги разделува е 550.000. Тие веќе не кријат дека ако бројката е над, уште во 19 часот ќе очекуваат и извесно ќе ги добијат честитките од Вашингтон, Брисел и Берлин. Но ако бројката е под и на нив, а и на домашните одраборувачи и платеници ќе им биде исклучително тешко да се прават до толку будали и да слават таков тежок дебакл. Таа е бројката која што ја чекаат и сега за сега не изјаснетите пратеници кои ги повика Бобан. Од тука во овие преостанати 5 дена наша должност е да му повториме на народот дека не се гласа за НАТО, а уште помалку за ЕУ, туку за бришење на името на татковината и идентитетот, а во замена на тоа се кариерите на Заев и Шеќеринска. Бројките од последните анкети говорат дека бројката од 550.000 За е недостижна, а со самото тоа и дека на 30-ти вечерта, цела Македонија ќе може слободно да викне тоа што и сега сите го гледаме, царот и царицата се голи!
#Бојкотирам јас
#Бојкотираш ти
#Македонија #Бојкотира